Во текот на викендов по претходно добиени оперативни сознанија од страна на инспекторите при Регионалниот центар за гранични работи Север, извршена е акциска контрола во ноќен бар „Енерџи Клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-с.Сарачино, сопственост на А.М.(33), од Тетово.
Од извршената контрола во угостителскиот објект, затекнати се 10 странски државјанки од кои девет од Р.Србија: Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23), С.Г.(20) од Р.Албанија , како и три државјанки на Р.Македонија В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37), како работат незаконски во угостителскиот објет.
Во објектот се затекнати и сопственикот на угостителскиот објект и Х.И.(34), од Прешево, Р.Србија. Лицата беа приведени и задржани во СВР Тетово за расчистување на случајот по штп против седум лица, странски државјани беа поднесени барања за поведување прекршочна постапка по чл.153 став 1, точка 2 односно престојува во Република Македонија спротивно на целта од Законот за странци. Од страна на Основен Суд Тетово на лицата им е одредена парична глоба и мерка „Забрана за влез во РМ“ во времетраење од 1 година.
Против А.М., сопственикот на угостителскиот објект по целосно документирање ќе биде соодветна пријава поднесена пријава, додека против И.Х. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено дело „помагање за илегално преминување на државната граница“ на две странски државјанки.