Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на 32 странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 15.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 13.724 странски државјани, од кои, 10.398 се од машки пол, 1.741 се од женски, 1.454 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.877, потоа Авганистан-1.113, Ирак-751, Пакистан-490, Сомалија- 374, Палестина-334, Конго-248, Камерун-100, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 15.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.07.2015 година се евидентирани вкупно 10 баратели на азил, баратели на азил жени и малолетни баратели на азил не се евидентирани во дневниот регистар.
Извештај за мобилните тимови на Црвен крст – 14.07.2015
На ден 13.07.2015, во вечерните часови двете екипи на Црвен крст, лоцирани на станиците во Табановце и Гевгелија, укажале прва помош на 27 лица, од кои 14 интервенции биле извршени на железничката станица во Табановце и 13 на железничката станица во Гевгелија. Беа дистрибуирани 27 шишиња вода, 16 пакувања пелени, 9 пакувања пелени. Извршени се 2 транспорта до гевгелиската болница.
Дистрибуирани се 95 шишиња води, 18 пакувања пелени и 9 кутии двопек.
Во периодот од 07.00 ч.на 14.07.2015 до 07.00ч на 15.07.2015 извршена едезинфекција на:
– 800м2 вагони од страна на ЦЈЗ Скопје
– 800м2 вагони и 200м2 површина на жел.станици Куманово и табановце од страна на ЦЈЗ Куманово
-2500м2 во Гевгелија ,површина на жел.станица,автобуска,перони ,тротоари и простор каде престојуваат во околината и полициски возила
– нема вакцинирани лица на влезна точка
Во Центар за азиланти визбегово вакцининарни три лица
-ОБ Гевгелија пружена здравствена услуга на 1 мигрант во дневна болница