Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со муслиманска вероисповед, во која им посакува добро здравје, радост и бериќет во нивните семејства.
„Нека Ви е чесит и вековит големиот верски празник Рамазан Бајрам. Ви посакувам славењето на да го поминете заедно со семејството и пријателите во атмосфера на радост, мир, благосостојба и меѓусебно почитување.Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите треба да одиме по вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.Да ги искористиме религиите и верските уверувања за убави нешта, за продолжување на столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во заедничкото живеење. Само така, можеме да придонесеме за мирен соживот и почитување, како основа за градење на подобра иднина на Охрид и Република Македонија“- стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески, упатена до граѓаните со муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.