Муслиманите го слават Рамазан-бајрам

Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан-бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување. Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад. Самиот празник е строга должност – фарз на секој муслиман. Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-бајрамска молитва, потоа се оди на гробишта…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески организира ифтар вечера

По повод големиот муслимански празник Бајрам градоначалникот Никола Бакрачески, утре (30.06.2016), на плоштадот Чинар организира Ифтар вечера. Вечерата која ќе започне во 20 часот претставува израз на соживот и градење на меѓусебни пријателски односи и почитување меѓу сите етнички заедници што живеат во Охрид.

повеќе...

Јолевски на Рамазански ифтар со вработените во Министерството за одбрана

„Сакам да ја искористам оваа прилика да Ви го честитам овој свет месец. Нека Вашите домови и Вашата заедница бидат исполнети со мир и благосостојба“ – истакна Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на вчерашниот Рамазан ифтар со дел од вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија од муслиманска вероисповед. Јолевски рече „Се додека сме убедени дека нашиот пат е поплочен со доблестите на нашата вера ние ќе го достигнеме зенитот на нашата цивилизација преку почит на еден спрема друг и заеднички живот“. За време…

повеќе...

Честитка од Заев, по повод почетокот на Рамазанските пости

По повод почетокот на Рамазанските пости претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, како и до сите верници од ислимска вероисповед. „На сите верници од исламска вероисповед, и Вам лично, Ви го честитам започнувањето на овогодинешните Рамазански пости. Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам. Славејќи го духовното и телесно прочистување, преку својата…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија, етнички Македонци, етнички Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и други, им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. „Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие. Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ, Заев за празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го празнуваат големиот празник Рамазан Бајрам: „Вам лично, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и оние кои го чествуваат празникот, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз упатувам искрени честитки за големиот верски празник Рамазан Бајрам. По светиот месец на пости и молитви, празничните денови нека продолжат во спокој, со мир во душата, љубов и внимание, трпение и разбирање, почитување…

повеќе...

Претседателот Иванов во посета на џамијата „Јени Џамиси“

По повод големиот муслимански празник Рамазан – Бајрам, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја посети џамијата „Јени Џамиси” во Радовиш, каде на верниците муслимани им го честиташе празникот и завршувањето на рамазанските пости. „Ви посакувам многу радост, многу среќа и многу успех во животот. И во духот на нашата традиција, да продолжиме да се почитуваме меѓусебе и да си помагаме. Да не го правиме тоа само за време на празниците, туку во текот на целата година”, рече претседателот Иванов. По повод Рамазан – Бајрам, македонскиот претседател традиционално присуствува…

повеќе...

Честитка на градоначалникот Бакрачески по повод Рамазан Бајрам

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со муслиманска вероисповед, во која им посакува добро здравје, радост и бериќет во нивните семејства. „Нека Ви е чесит и вековит големиот верски празник Рамазан Бајрам. Ви посакувам славењето на да го поминете заедно со семејството и пријателите во атмосфера на радост, мир, благосостојба и меѓусебно почитување.Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите треба да одиме по вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската,…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Рамазан-бајрам

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник – Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија. „Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам празникот Рамазан-бајрам и завршувањето на рамазанските пости. По повод чествувањето на светиот месец Рамазан, на покана…

повеќе...

Петок, првиот ден на Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Петок, 17-ти јули е неработен ден за сите граѓани на Македонија по повод првиот ден на Рамазан Бајрам, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од исламска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

повеќе...