Виц

Се собрале сите човечки органи да решат кој е најважен.

Мозокот прв се јавил.

– Јас сум најважен, без мене ништо нема да функционира како треба.

Се јавил стомакот:

– Е исто е и кај мене, јас ако не функционирам ништо нема да функционира.

Се јавило срцето:

– Дечки, јас ако не пумпам крв, што ќе биде од вас, а?

Ете ти го сега се јавува газот:

– Е јас ако не се испразнам, тогаш ништо од вас.

Кога го чуле ова сите органи му се изнасмеале.

Газов се налутил и три дена не се испразнил. Мозокот добил болки, срцето добило аритмија, желудникот го раскинал стомакот од болки.

Се собрале органиве повторно на состанок и му признале на газот дека е главен.

Наравоучение: Не мора да си паметен за да бидеш главен, доволно е да си шупак.