ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија, етнички Македонци, етнички Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и други, им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
„Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие.
Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето општество.
ВМРО-ДПМНЕ им посакува на сите верници од муслиманска вероисповест, празникот Рамазан Бајрам да го поминат во спокојна и радосна атмосфера со своите ближни во моменти на благосостојба, затоа што личната благосостојба и успех се основата на просперитетот на една држава како целина.“– се вели во честитката.