Околу 15 илјади извидници синоќа биле евакуирани поради силното невреме кое го зафатило Стразбур. Во невремето 35 извидници се повредени, јави дописникот на МИА.
„Петнаесет од нив имаат фрактури, но нема сериозни повредени“, соопштија организаторите.
Повредите се должат најчесто поради паѓање на држачите на шаторите за време на невремето. Најголемиот извиднички логор во Европа оваа година, беше инсталиран во петокот и мораше да биде евакуиран по заедничка одлука на властите и организаторите, кога во два часот изутринава започна силно невреме со дожд и силен ветер. Најголемиот број од учесниците се на возраст од 14 до 17 години и тие беа пренесени во Стразбур во салата „Зенит“, каде го поминаа остатокот од ноќта, по што се вратија во кампот и започнаа со негово преуредување.
Извор: Нет Прес