Европската вселенска агенција планира да гради село на Месечината

Јохан Дитрих Вернер кој неодамна дојде на чело на Европската вселенска агенција (ESA), изјави дека планира да гради село на Месечината.

Вернер наведува дека лунарното село би можело да претставува замена за Меѓународната вселенска станица и точка на поминување за нови подалечни патувања, како што е Марс. Тој додаде дека селото би било сместено на делот од Месечината кој не се гледа од Земјата.