Во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти започна градежен зафат за средување на надворешните ѕидови кај влезот на училиштето, со што училиштето ќе добие свеж и подобар изглед. Имено, во ова училиште покрај реконструкцијата се направи и опреми училница за првоодделенците, со што се реши деценискиот проблем првоодделенците да учат во иста смена поради нивна подобра социјализација и комуникација. Се адаптира и среди нов простор за училишната библиотека, се набавија нагледни средства за одделенска настава за Кембриџ наставата, се изградија училишни кабинети, информира директорот Ѓоко Чингоски.
На прашањето од WebOhrid за мотивот на залагањето на директорот Чингоски, тој одговори:
„Училиштето во Велгошти го чувствувам како свое, тука се школував, тука учат и моите деца, работев и ќе работам во ова училиште како наставник. Најголем мотив и елан за работа ми дава поддршката на родителите и сите жители на с.Велгошти – што ми претставува најголема чест и гордост, а воедно и обврска и одговорност. Но, кога ќе ги видам тие озарени детски лица како со гордост кажуваат дека учат во ОУ „Живко Чинго“ од с.Велгошти тоа е мојот најголем бенефит.“– рече Чингоски.
WebOhrid: „Што е следно што планирате за училиштето?“
Директорот: „Се надевам со помош на Локалната самоуправа и градоначалникот, господинот Никола Бакрачески дека ќе го оградиме училишниот двор како нашите ученици би добиле безбедно и достоинствено место за игра и релаксација.
За во иднина имам и други поголеми планови, но тоа засега нека остане тајна.“- изјави директорот Чингоски.
WebOhrid