Во општина Охрид, на периферијата на градот кај трафостаницата 110, под далновод настанати беа два пожари. Едниот беше од подножјето на планината Галичица, опожарена беше нискостеблеста шума и сува трева, додека пак другиот во атарот на селото Рамне каде беше зафатена и борова шума.
На лице место се вработени од НП Галичица, 13 лица од ТППЕ со 3 возила, Црвен Крст, вработени од јавните претпријатија од Охрид, 2 лица од ПОЗС Охрид и 1 возило од ПОЗС Струга.
Пожарот е локализиран, а ангажираните лица ќе останат на терен и будно ќе ја следат ситуацијата.
WebOhrid/Фото: А. Андриоски