„Motociclismo” сними видео за мото-тури низ Македонија

Директорот на магазинот „Motociclismo”, Federico Aliverti ја предводеше групата од дванаесет моторџии кои сметаат дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото- туризмот.

„Motociclismo” сними видео за промотивни цели кое се прикажува на нивниот веб-канал и во текот на EICMA (меѓународерн саем за мотоциклизам во Милано, Италија со повеќе од 600.000 посетители годишно).

Домаќин на претставниците на “Motociclismo” беше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Република Македонија како земја домаќин доби максимална видливост и шанса да достигне илјади посетители преку јасна порака на насловната страница на списанието и статии на најмалку 40 страници.

Македонија ќе има доминантно место со конккурентна мото-тура која очекуваме успешно да се пласира во Италија имајќи предвид дека италијанските туристички агенции се подготвени да ја вклучат во своите каталози. Воедно ќе биде препорачана програма за мото-тура во Македонија која ги опфаќа Скопје, Маврово, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Берово, Кратово и Куманово, се вели во соопштението на АППТ.

„Motociclismo” е водечко списание за мотоциклизам во Италија со месечен тираж од 160.000 примероци. Нивната веб страна има над еден милион посетители месечно, Фејсбук страна со 270.000 следбеници, а на нивниот You tube канал гостуваат познати личности меѓу кој и шампионот во мотоциклизам Валентино Роси.

Репортажата веќе е објавена на сервисот на Јутјуб на линкот https://www.youtube.com/watch?v=TIEDiwqiIeo&feature=youtu.be.

Извор:
makfax.com.mk