Денес сончево со температури до 40 степени, од утре заладување

Денес повторно не очекува сончево време со температури до 40 степени, метеоролозите најавуваат заладување од утре и благ пад на температурите.

Според УХМР, времето во Македонија денес ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен северен ветер.

Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до петок во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат за два до три степени пониски од денешните.