Се уредува и опремува плажата Сараиште

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески а на барање на жителите од стар град, периодов интензивно се работи на уредување и опремување на градската плажа Сараиште во стариот дел на Охрид.

По претходно расчистување на просторот од пловните објекти, делот од плажата наменет за сончање ќе доби нов песок а ќе бидат поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. Теренот веќе се подготвува и се поставуваат инсталации за тушеви и соблекувални.

Од година во година плажата Сараиште привлекува бројни посетители и капачи пред се мештани и охриѓани од останатите градски населби кои уживаат во езерското синило и сончевите зраци. Токму поради тоа според најавите се очекува за наредната туристичка сезона оваа единствена градска плажа да биде и проширена.

Уредувањето и опремувањето на плажата Сараиште период го реализираат охридските јавни претпријатија.

Претходно на просторот кај Сараиште наменет за спортување општина Охрид постави рефлектори и кош.