Скоковите од вулканските карпи донесоа нови лица на подиумот

Со тројца нови спортисти на подиумот за 2015 година, светското првенство Red Bull Cliff Diving влегува во одлучувачката фаза.

Мексиканецот Џонатан Паредес и Амерканецот Енди Џонс го разбрануваа светското првенство бидејќи скокнаа на позициите наменети за тројцата најдобри во натпреварувањето коешто се смета за најчистокрвно, а се одржува на вулканското островче во архипелагот наречен Азорски острови. Тие се најдоа зад Англичанецот Гери Хант, кој повторно доминираше, но сепак ова беше најизедначениот дуел во сезоната гледано од аспект на бодовите освоени од судиите. Спортистите се вратија кон корените на спортот и скокаа директно од карпите кои се трипати повисоки од стандардната платформа што се користи на Олимпијадата и изведуваа фигури во воздухот за времетраењето на скоковите од три секунди, пред да нурнат во водите со нивните боси стапала при брзини од 85 километри на час. За да биде возбудувањето поголемо, португалската публика беше сведок и на изненадувањето во женска конкуренција, каде што Американката Сесилија Карлтон која настапуваше со „вајлд карта“ стигна до победата пред поискусните Адријана Хименез од Мексико и сонародничката Џинџер Ли Хубер.

„Брилијантниот Британец“ Гери Хант имаше тежок почеток, па го стартуваше натпреварувањето од 12-тото место, но успеа да се врати во форма и да стигне до 471,80 поени за да ја оствари петтата победа во низа оваа сезона. Иако неговата победничка серија продолжи, новата ѕвезда во подем, Џонатан Паредес од Мексико, кој е најмлад спортист во ова светско првенство со само 25 години, успеа да го предизвика големиот шампион и да стигне најблиску до него од сите други оваа сезона, откако освои десетки од судиите за два од своите скокови, со што собра вкупно 450,90 поени. За првпат во својата кариера откако настапува во ова светско првенство, поточно во неговиот 16-ти настап, Американецот Енди Џонс успеа да се пласира на подиумот откако во четирите рунди изведе два скока од карпите и два од платформата, за да добие 412,90 поени, што му го донесе третото место.

Во генералниот пласман, Хант стигна до 1.000 поени, додека Колумбиецот Орландо Дуке не успеа да се пласира во финалето, откако претходно го изгуби директниот дуел со Енди Џонс. Тој сега е изнедначен на втрото место на табелата со Англичанецот Блејк Олдриџ и обајцата имаат по 590 поени. До крајот има уште три натпреварувања, кои ќе претставуваат нова шанса за Џонатан Паредес кој е на четвртото место во генералниот пласман со 449 поени, додека Американецот Дејвид Колтури ја комплетира првата петорка со 430 поени.

Островчето Вила Франка до Кампо исто така беше домаќин и на натпреварувањето во женска конкуренција, второ за оваа сезона, каде што Сесилие Карлтон го освои првото место, иако влезот ѝ беше обезбеден преку „вајлд карта“. Американката стигна до својата прва победа во светското првенство Red Bull Cliff Diving со 224,30 поени при што зад девојката од Тексас се најде Адријана Хименез од Мексико со 222,80 поени или само 1,5 поен помалку од победничката. Меѓу осумте девојки третото место ѝ припадна на Џинџер Ли Хубер со 207,25 поени, а победничката на првиот настан, Рејчел Симпсон се најде на петтото место. Карлтон и Симпсон го делат првото место во генералниот пласман со по 290 поени, додека третопласираната Џинџер Ли Хубер има 260 поени и ќе се бори за титулата на последниот настан од женското првенство. закажан за 13 септември во Полињано ал Маре, во близина на Бари, Италија.

Следниот дуел во машка конкуренција ке се одржи на сосема различна локација од сега видената недопрена пририода на вулканскиот остров Сао Мигел, каде што карпите се наоѓаа на грбот од кратерот, па за прв пат светското првенство Red Bull Cliff Diving ќе се одржи во Мостар, Босна и Херцеговина, на 15 август.

ИЗЈАВИ ОД ПОБЕДНИЦИТЕ

Гери Хант (Велика Британија)

– Дефинитивно си направив притисок самиот на себе со слабиот почеток. Знаев дека ќе биде важно да имам одличен прв скок во директните дуели, бидејќи само така можев да го подигнам моралот. Навистина со тоа ги подигнав мојот дух и самодовербата, по што успешно продолжив. Минатата година имав тешки моменти на ова натпреварување, па тешко е кога имаш во главата мисла дека си добар од платформата, но не можеш да го направиш истото и од карпите. Затоа чувството сега е одлично, бидејќи успеав да си докажам на себе дека можам да победам и кога скокам директно од карпите. Сега имам дополнителен притисок да победам и на шестиот настан, бидејќи којзнае, ова би можела да биде совршена сезона и тоа ќе биде нешто неверојатно!

Сесилие Карлтон (САД)

– Ова беше супер возбудување за мене, сè беше одлично, а чувството да се скока од карпа за првпат во ова натпреварување е неверојатно. Сè наоколу е прекрасно, малку имав трема на почетокот, но кога еднаш ќе полеташ во воздух се чувствуваш како за обичен скок. Целиот настан беше одличен, толку природен и уште повеќе забавен.

РЕЗУЛТАТИ (Мажи):

1. Гери Хант (Велика Британија) 471,80 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 450,90 поени, 3. Енди Џонс (САД) 412,90 поени, 4. Артем Силченко (Русија) 402,10 поени, 5. Кајл Митрионе (САД) 401,80 поени, 6. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 400,90 поени, 7. Анатолиј Шаботенко (Украина) 381,10 поени, 8. Серхио Гузман (Мексико) 360,85 поени, 9. Орландо Дуке (Колумбија) 287,70 поени, 10. Дејвид Колтури (САД) 279,00 поени.

Резултати (жени):

1. Сесилие Карлтон (САД) 224,30 поени, 2. Адријана Хименез (Мексико) 222,80 поени, 3. Џинџер Ли Хубер (САД) 207,25 поени, 4. Ана Бадер (Германија) 205,50 поени, 5. Рејчел Симсон (САД) 201,20 поени, 6. Јана Несцијарева (Белорусија) 193,20, 7. Лизен Ричард (Канада) 189,70, 8.Тара Хиер Тира (САД) 182,95.

P-20150718-00206_News P-20150717-00295_News P-20150717-00237_News