Свеченост по повод 20 години од дипломатските односи помеѓу Израел и Македонија

На покана на амбасадорот на Израел во Р. Македонија, Дан Оријан, синоќа градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваше на свечениот прием што по повод 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Израел и Р. Македонија се одржа во Музејот на жртвите од Холокаустот во Скопје.

На свеченоста присуствуваше дел од дипломатскиот кор во Земјава, министри, заменици министри и останати владини претставници како и дел од бизнис елитата во државава.

На приемот претходеше изложба на фотографии од израелски уметници, а голем дел од фотографиите беа со охридски мотиви.