Верниците го одбележаа празникот Св.Атанасиј Велики во Рамне

Православните верници денес го слават празникот посветен на Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. По тој повод во селото Рамне, во манастирот на овој светец, се служеше света литургија, на која присуствуваа многу верници, кои палеа свеќи, се молеа за здравје и среќа.

На присутните, им се служеше ручек организиран од манастирот, а прославата беше збогатена со музика.

За многу години!

Ангелче Андриоски