Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат вчера пред полноќ спречија обид за шверц на 115 кг режан тутун.
Околу 23:30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигна празно товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Г.Ј.
Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и товарниот дел, при што во кабината под креветот се пронајдени 115 паковки од по 1 кг режан тутун.
Стоката е привремено одземена, а против сторителот е отпочната соодветна постапка.