Доделување на признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 21 јули 2015 година, вторник, ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија ” на пет македонски организации од дијаспората во Француската Република, Кралството Шведска, Австралија и Канада.

Признанието „Повелба на Република Македонија” ќе биде доделно на следните македонски организации од дијаспората:

• Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески” од Мант ла Жоли, Француската Република;

• Културното и спортско друштво „Преспа – Бирлик” од Малме, Кралството Шведска;

• Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски” од Мелбурн, Австралија;

• Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, Австралија;

• Ансамблот „Македонка” од Торонто, Канада.

Признанието „Повелба на Република Македонија” се доделува за особени заслуги и за достигнувања на организациите во насока на зачувување и на афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработката со повеќе држави во светот.