Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе акција за темелно чистење на чаршијата со миење со шмрк и метење. Акцијата започна во 02.00 часот после полноќ и траеше до 07.00 часот утрово, а беше опфатен потегот од плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот до плоштадот кај споменикот Св.Климент Охридски.

„Ангажирани беа 3 вработени кои со шмрк извршија темелно миење на гранитните плочки по чаршијата, а потоа 4 метачи го собраа отпадот.“- информираат од претпријтието.

По барање на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинг-просторот на локацијата на поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, се расчисти целиот простор (паркинг локациите, поранешните трибини и околниот простор) каде се собраа големи количини комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа и др.)