Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2-ри август 2015 година (недела), Ден на Републиката, односно 3-ти август 2015 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.