Тренерската организација и Центарот за едукација на ФФМ, информира дека редовното годишно лиценцирање на тренерите во Стручниот Штаб на сенироската екипа за Прва и Втора МФЛ ќе се одржи на 31.07.2015 (петок) во Хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“ – Скопје, со почеток во 11:00 часот.
Присуството на сите тренери од Стручниот Штаб за екипите од Прва и Втора МФЛ, а согласно Правилникот за издавање на дозволи/лиценци за работа на тренерите во Македонија е задолжително.
Лиценцирањето ќе заврши во 14:00 часот со доделување на лиценците за натпреварувачка сезона 2015/16.
Дополнителни информации можете да добиете на мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mkи 02/3231537