Изминативе три дена издадени 1853 потврди на странски државјани

Изминативе три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, Министерството за внатрешни работи издаде 1853 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 27.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 20.605 странски државјани, од кои, 15.038 се од машки пол, 2.729 се од женски, 2.647 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 191 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-15.290, потоа Авганистан-1.543, Ирак-1.172, Пакистан-676, Сомалија- 456, Палестина-396, Конго-277, Камерун-124, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27.07.2015 година се евидентирани вкупно 22 баратели на азил, од кои 13 баратели на азил се мажи, 2 баратели на азил се жени и 7 баратели на азил се малолетни лица.

Oд присутните баратели на азил во ЈУ Прифатниот центар, 2 баратели на азил се малолетни лица без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил како и баратели на азил со повреди не се регистрирани.