Исчистена плажата Лабино

Плажата Лабино која е лоцирана под пешачката патека која ги поврзува „Св.Јован Канео“  и месноста „Грашница“ е расчистена.

„Во расчистувањето беа ангажирани 6 комунални работници кои извршија отстранување на ниската жбунеста вегетација и сечење на надвиснатите гранки од околните дрвја, со што се зголеми корисниот простор кој туристите можат да го користат за плажа. Потоа се собра отпадот (пластични шишиња, најлон-кеси, картонска амбалажа и др.) кој капачите го оставаат зад себе.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

DSCN05401