Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до хотелот Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј, информираат од претпријатието.
„Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 05.00 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води.
Во наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.“– додаваат од претпријатието.