Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, изнесува 102.7.
Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.8%), Други услужни дејности (7.5%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.1%), Уметност, забава и рекреација (5.4%) и Информации и комуникации (5.0%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015, изнесува 22 071 денар. Во мај 2015 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не добиле плата.