Меѓународен ден на пријателството

Меѓународниот ден на пријателството беше прокламиран во 2011 година од страна на Генералното собрание на ОН со идеја дека пријателството помеѓу луѓето, народите, земјите, културите и поединците може да инспирира мировни напори и да се изградат мостови помеѓу заедниците.

Резолуцијата (A/RES/65/275) става посебен акцент на вклучување на младите луѓе како идни лидери, во активностите во заедницата кои вклучуваат различни култури и да се промовира меѓународното разбирање и почитување на различностите.

Овој Ден е исто така наменет за поддршка на целите на Декларацијата и Програмата за акција на културата на мирот и Меѓународната Декада за култура на мирот и ненасилството на децата ширум светот (2001-2010).

За одбележување на Меѓународниот ден на пријателството, Обединетите нации ги охрабруваат владите, меѓународните организации и групи од граѓанското општество, да се одржат настани, активности и иницијативи кои придонесуваат кон напорите на меѓународната заедница кон промовирање на дијалогот меѓу цивилизациите, солидарност, заемно разбирање и помирување.

WebOhrid