Во текот на вчерашниот ден издадени 1228 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 26.08.2015 до 27.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.288 странски државјани, од кои, 807 се од машки пол, 200 се од женски, 221 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 60 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.114, Авганистан – 60, Пакистан – 54, Палестина – 27, Ирак–13додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 27.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 47.994 странски државјани, од кои, 33.114 се од машки пол, 6.593 се од женски, 7.480 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 807деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.164, потоа Авганистан-2.258, Ирак-2.152, Пакистан-1.452, Палестина-603,Сомалија-564, Бангладеж-332, Конго-305, Нигерија-165, Камерун-154 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 26.08.2015 до 27.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 26.08.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост), 3 баратели на азил се малолетни лица и 1 барател на азил е малолетен без придружба со повреда.

На 26.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на 205 лицa , од кои 114 на Табановце и 91 на Гевгелија, меѓу кои 11 трудници.

До 17.00 часот, дистрибуирано е хуманитарна помош во :

• 1854 шишиња вода
• 43 пакети со храна
• 27 индивидуални хигиенски пакети
• 6 кебиња
• 28 пакети за бебиња.