Охридска банка со целосно реновирана административна зграда во Охрид

Вчера беше официјално отворена целосно реновираната административна зграда на Охридска банка во Охирд. Со оваа значајна инвестиција се уредија просториите кои целосно соодветствуваат со стандардите на Сосиете Женерал Групацијата. Зградата овозможува удобна работна атмосфера за вработените и ги пресретнувасегашните и идни потреби на банкатаи клиентите.

Реновираната административна зграда беше отворена од страна на Претседателот на Управен одбор наОхридска банка -Бранка Павловиќ, Директорот на Европа од Сосиете Женерал –Џанлука Сома и Гувернеротна НБРМ -Димитар Богов во присуство на почесни гости, бизнисмени и вработени.

„Причина за оваа празнична вечер е свеченото отворање на целосно реновираната зграда на Охридска банка, тука во прекрасниот град Охрид. Со тоа што инвестираме во Охрид, оддаваме посебно внимание и ја потврдуваме нашата посветеност во местото каде што се корените на Охридска банка. Ова претставува значајна инвестиција со која се зајакнува позицијата на банката на локалниот пазар и во регионот” – рече Претседателот на Управен одбор на Охридска банка, Бранка Павловиќ.

„Во последните осум години, Охридска банка има значајна улога во рамки на Сосиете Женерал Групацијата. Овде сум денес да ја потврдам континуираната поддршка на Охридска банка. Уверен сум дека административната зграда во Охрид ќе ја подобри оперативната ефикасност на подружницата и ќе ни помогне да се издигнеме пред идните предизвици” – забележа Директорот на Европа од Сосиете Женерал, Џанлука Сома.

„Кога пред две години го префрлија седиштето на Охридска банка од Охрид во Скопје, тогаш раководството наБанката вети дека истите услови ќе ги овозможи за вработените и клиентите и во Охрид. Вечерва се потврдува дека Банката останува посветена на Охрид и продолжува да напредува во рамки на Групацијата Сосиете Женерал”-подвлече Гувернерот Богов.

Во оваа прилика Охридска банка јаизрази својата желба и определба да придонесе за локалната заедница. Соцел да ја потврди својата општествена одговорност банката донираше 3.500 евра на општата болница во Охрид за набавка на опрема.

Со заокружување на ова поглавје, Охридска банка е чекор поблиску до реализирање на својата стратегија –зачувување на долгата традиција на реномирана банкарска институција со постојано подобрување и зацврстување на позицијатана македонскиот пазар.