Црвениот крст од Словенија во официјална посета на Црвен крст Охрид

Денес во рамките на официјалната посета, висока делегација на Црвениот крст од Словенија оствари средба со Црвениот крст на Македонија. Гостите од Словенија го посетија и Црвениот крст Охрид, каде што со раководството разменија искуства за начинот на организирање и спроведување на активностите од повеќе области на делувањето на Црвениот крст: прва помош, крводарителство, подготвеност и дејствување при катастрофи.

CrvenKrst2 CrvenKrst3

Генералниот секретар на Црвениот крст од Словенија изјави дека е задоволен од техничката и стручна екипираност на охридскиот Црвен крст.

„Делегацијата на Црвениот крст од Словенија дојде после потпишувањето на договорот, писмото за соработка кое го потпишавме минатата година во септември, дојдовме сега во официјална посета, најпрво во седиштето на Црвениот крст во Скопје, потоа ги разгледавме програмите во општинската организација во Скопје, денес сме тука во Охрид, веќе втор ден, за да ги видиме спецификите во Охрид. Дојдовме со стручна екипа да размениме искуства. Тука во Охрид особено не интересираат овие програми за спасување кои ги имаме и ние исто на нашето крајбрежје, но гледаме дека сте тука технички и стручно одлично опремени, а исто и програмите за работа со млади“. – истакна д-р Даниел Старман, генерален секретар на Црвениот крст од Словенија.

CrvenKrst5

„Во рамките на меѓународната соработка на националното друштво една од интенциите е приближување на односите со сите национални друштва во нашето големо семејство кое што брои 187 национални друштва, во рамките на тоа секако посебна интенција е приближување со нациналните друштва во просториите од балканот, посетата на делегацијата на словенечкиот црвен крст на чело со генералниот секретар Даниел Старман, е последица на желбата за приближување и поблиска соработка меѓу двете национални друштва. Ние како национални друштва во септември во Љубљана потпишавме договор за соработка кај што ги ставивме контурите на соработката и нашите заеднички политики во иднина“. – изјави Милчо Трајков, претседател на Црвениот крст на Македонија.

CrvenKrst6

Како што рече Трајков, Охрид го избрале од една едноставна причина, а тоа е дека општинската организација на Охрид е една од најуспешните во Македонија.

Целта на оваа посета беа понатамошни размени на искуства, спецификите во националните друштва во Словенија и во Македонија секако и проблемите и некои излезни решенија со кои што се соочуваат како национални друштва. После оваа посета двете страни се надеваат дека соработката и понатаму ќе продолжи, ќе биде на уште поголемо ниво.

Претседателот на Црвениот крст Охрид, Сашо Точков, изјави дека навистина се почестени со посетата на Црвениот крст на Словенија.

„Како црвен крст Охрид навистина сме почестени од посетата, на вака висока делегација на Црвениот крст на Словенија кои што овде по нивните реакции навистина беа импресионирани  и во нашата специфика како организација што работиме, тоа е делот за спасувањена вода и спасување на планина. Навистина препознаа нешто што би сакале да го пренесат во нивните средини, во општинските организации на Црвениот крст на Словенија, секако ние стоиме на располагање и токму и тоа беше целта, интенцијата на оваа средба, на овој состанок, да размениме искуства, ние од нив да привлечеме некои карактеристични активности, а исто и тие од нас да повлечат и да применат во нивните средини“. – истакна Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид.

CrvenKrst7 CrvenKrst4

Во текот на денот, гостите од Словенија, заедно со претставници од Црвениот крст од Охрид ќе ги разгледаат убавините на Охрид, како и ќе се дружат со цел за подлабоко навлегување во сите сегменти на делувањето на Црвениот крст.

WebOhrid