Репортажа за Охрид во „Croatian Traveller“

Репортажа за Охрид со наслов „Безвременска љубов, езеро и луѓе“ е објавена на пет страници во престижното хрватско списание „Croatian Traveller“. Покрај репортажата во истиот број е објавено и интервјуто на градоначалникот Никола Бакрачески, кој специјално го даде за ова хрватско списание.

Ваквите промоции на Охрид во странските медиуми, се реализираат според претходно подготвената програма за развој и унапредување на туризмот која ја изготви Секторот за туризам и локален економски развој. Целта на ваквите промоции е истакнување на целокупната туристичка понуда која ја нуди градот, но и Охрид како дел од регионалната туристичка понуда. Со ваков вид на промоција до сега градот беше презентиран во повеќе Балкански и неколку Европски земји.