„Отворен ден на Архивите“ утре во Подрачното Одделение на ДАРМ во Охрид

Утре, Државниот Архив на Република Македонија под раководство на директорот Д-р Филип Петровски ја организира манифестацијата „Отворен ден на Архивите“.

Манифестацијата „Отворен ден на Архивите“ ќе се организира и во Подрачното Одделение на ДАРМ во Охрид по повод националниот празник 2-ри август „Денот на Републиката“.

Преку ваквата манифестација архивот на градот Охрид предводен од раководителот Славица Јанковска има за цел на јавноста да и ја презентира историјата на македонскиот народ низ најстарите и најрепрезентативни документи кои ги поседува и се чуваат во депото на aрхивот на град Охрид.

Покрај документацијата која ќе биде изложена преку изложбена поставка посетителите ќе имаат можност да се запознаат со архивската дејност и активностите на архивските работници.

Манифестацијата е од отворен карактер и започнува од 18 часот до 22 часот во просториите на Државниот Архив на РМ – Подрачно Одделение Охрид (ул. Никола Карев бр.4).

Slavica Jankovska