Повици за учество во активности организирани во рамки на Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020
Известување 1
Во рамки на Програмата Хоризонт 2020, Европската Комисија организира Инфо ден за промоција на Работната Програма 2016-2017 за приоритетот „Здравје, демографски промени и благосостојба“, како и настан за вмрежување и градење партнерства за изработка на предлог проекти.
Време и место на одржување: Брисел, 17-18 септември 2015 година.
Онлајн регистрациите се отворени од 30 јули 2015година. Линк
Известување 2
Повик за учество на “9-ти Европски конгрес за Тропска медицина и меѓународно здравство – Насочување на врвната наука кон решавање на глобалните здравствени предизвици“
Време и место на одржување: 6 – 10 септември 2015 година, Базел, Швајцарија. Линк
Известување 3
Работилница за Регионалните развојни сценарија за Дунавскиот регион (животна средина и социо-економски сценарија, со фокус на проекции за популацијата, економските трендови, вклучително и транспортот и енергијата, фактори на технолошките иновации и улогата на инвестициските и развојни политики на ЕУ) во организација на Здружениот истражувачки центар на Европската Комисија.
Време и место на одржување: 19-20 ноември 2015 година, Испра, Италија
Краен рок за аплицирање е 4 септември 2015 година
Можност за покривање на трошоците на учесниците согласно правилата на Здружениот истражувачки центар (www.jrc.ec.europa.eu) Линк
Известување 4
Втора Летна школа за комерцијализација на интелектуалната сопственост и трансфер на технологии, во организација на Здружениот истражувачки центар на Европската Комисија и Светската организација за интелектуална сопственост
Време и место на одржување: 16-18 септември 2015 година, Будимпешта, Унгарија.
Програмата и регистрацијата се достапни од 30 јули 2015 година. Линк