Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на илинденските борци во селото Велгошти вечерва започна одбележувањето на големиот празник Илинден.

Пред споменикот се поклонија членови на МЗ Велгошти, претставници на Месниот комитет и претставници од Сојузот на борци од Охрид.

Пред присутните, се обрати претседателот на Месната Заедница, Велгошти, Јонче Арнаудоски. На свеченоста, оваа година немаше ниту еден претставник од Локалната самоуправа.

WebOhrid