„Howard Gospel“ хор запеа на Плаошник

Охриѓани и туристите денеска имаа ретка прилика да ја почуствуваат магијата која на 4-ти за денот на роденденот на Охридско лето ќе се случува на Антички. Светската музичка атракција, Американскиот „Howard Gospel“ хор, кој попладнево пристигна во Охрид, при прошетката во стариот дел на градот, на Плаошник приреди мини концерт кој предизвика воодушевување кај бројните туристи. Спонтаниот мини концерт беше оценет како најубавото нешто што прозвучило од ова свето место а 15-тината членови на хорот покрај аплаузот добија и бројни пофалби за нивното пеење. 

IMG_8310

Врвните уметници пак од овој ексклузивен ансамбл беа изненадени од просторот каде ќе настапат. За нив Антички е најубавото место од кое ќе се изведат нивните композиции од современата и од традиционалната американска госпел-музика, црковни химни како и црнечка духовна музика. Исто така ја посетија и црквата Света Софија каде ја слушнаа и приказната за поцетоците на оваа настара манифестација и првиот концерт на Ана Липша Тофовиќ.

„Голема е честа да се биде дел од 55-то јубилејно издание посебно што ќе се одбележи роденденот токму со нас“, изјавија членовите на „Howard Gospel“ хорот кои најповеќе беа изненадени од древната култура и фактот што Охрид е град на 365 цркви.

IMG_8342