Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ПС Ресен до ОЈО –Ресен поднесе кривична пријава против М.С (20) и Д.Д.(26) , двајцата од Прилеп, поради постоење основ на сомнение дека пријавените сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“.
На 02.08.2015 година пријавените , поливајќи го со запалива течност опожариле ПМВ „Форд Ескорт“ со охридски регистерски таблици, сопственост на граѓанин од Ресен. Исто така, од нивна страна било полиено со запалива течност, но не било запалено, уште едно возило марка „Лада Нива“, кое е во сопственост на истиот граѓанин и кое се наоѓало во непосредна близина на првото возило. Од страна на полициски службеници од Ресен е извршен увид на лице место и се превземени низа мерки и активности по што се идентификувани можните сторители, а од страна на полициски службеници од ПС Битола на магистралниот пат Ресен – Битола е затекнато возилото со кое се движеле сторителите, истите се лишени од слобода и спроведени во ПС Ресен. По целосно документирање на настанот и обезбедени материјални докази пријавените во целост го признале делото, по што е поднесена кривичната пријава.