„Охридско лето“ прослави 55 години од постоењето

Во неповтoрлив амбиент и со свечен коктел синоќа на плажата Парк“, фестивалот „Охридско лето“ го одбележа својот 55-ти роденден. 

Бројни гости по спектакуларниот концерт на американскиот „Howrd Gospel“ хор дојдоа на свеченоста за да и честитаат на фестивалската дирекција за пет ии пол децениското оптојување и за незаборавните концерти и драмски претстави што фестивалот и ги нуди на публиката.

На синоќешната прослава , како впрочем и на вчерашната роденденска забава во кафетеријата „Аквариус“ повторно атракција беа членовите на хорот кои со својот ведар дух придонесоа за ведро расположение кај сите присутни.

Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска вели дека посебна чест е да се биде дел од тимот што го подготвува и реализира јубилејното фестивалско издание во име на сите кои ја граделе успешната историја на фестивалот, од уметници се до соработници и сите љубители кои биле дел од фестивалската програма во изминатите 55 години. – Почнувајќи со свеченото отворање со сценската кантата „Кармина Бурана“ па се до денес со на вечерашниот роденденски концерт, реализиравме 30 настани за кои сме сигурни дека долго ќе се паметат. Секоја вечер е посебно убава, различна и многу посетена со различни уметници и со уникатна програма, а досега не посетија на 10 илјади посетители, вели Јанкуловска.

Роденденот заврши, но „Охридско лето“ продолжува и натаму со засилено темпо да ја реализира предвидената програма и да и ги претстави на бројната публика најквалитетните уметници од областа на музиката и театарот.