Младинскиот совет од Прилеп утре на градскиот плоштад во Струга организира Флеш моб за здрав и активен живот.
Флеш мобот ќе го изведат млади од 6 земји (Македонија, Португалија, Албанија, Романија, Молдавија и Србија) кои се дел од меѓународната младинска размена „Здрави и активни млади за оддржлива Европа“ која се реализира во Струга до 7-ми август во рамките на Еразмус + програмата која ја финансира Европската Унија.