Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ – Охрид, по втор пат годинава со пет свои членови ќе учествува на Младинската работна акција– Меѓународниот волонтерски камп „Краљево 2015“ – Р. Србија. Заедно од 9-ти до 23-ти август со 100 волонтери – акцијаши од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија ќе работат на санација на поплавените подрачја и на пошумување на реони зафатени од огромните пожари.
„Во исто време ќе се дружиме и ќе ги афирмираме културните, природните и историските вредности на Охрид и Македонија. Преземаме неопходни активности да го претставиме Охрид и Македонија во најдобро светло.“ – велат од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид.