Вечерна богослужба и света литургија за празникот „Св.Климент и Свети Пантелејмон“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник,  Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека утре 8-ми август, во сабота навечер по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, во манастирот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со почеток во 19 часот.

Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и во недела на 9-ти август, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Струмички г. Наум и митрополитот Европски г. Пимен.

 Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.