Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 11 решенија против 11 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2,4,7 и 10, член 207 став 1 точка 1,2,3 и 8, и член 208 став 1 точки 3, 10, 14, 18 и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на девет вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „распоредување“ и на еден вработен, мерка – “отказ“, а станува збор за:
Полициски службеник за прифат – сменоводител во ПС од ОН Драчево, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (десовесно ги извршувал работните обврски);
Полицаец во ПС од ОН Гази Баба, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (доцнел на работа и насилнички се однесувал кон непосредните старешини);
Полицаец во ПС од ОН Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (при чистење на формациското оружје, испукал еден крушум);
Виш инспектор за економски криминалитет во НК за КР Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (без одобрение на непосреден старешина го напуштил работното место и заминал во странство);
Полицаец за БПС во ПО за БПС Гевгелија, ПС од ОН Гевгелија, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (без писмена согласност вршел дополнителна дејност);
Главен оперативен работник во Одделение за претходница и поддршка, ЦПС, изречена му е мерка „распоредување на работно место во едно ниво пониско од работното место на кое дотогаш работел работникот“(неосновано употребил средства за присилба);
Полицаец во ПО за НФОО на МВР и останати објекти, ПС за НФОО, ЦПС, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не се грижел за опремата и средствата за работа со кои е задолжен);
Полицаец во ПО за НФОО на МВР и останати објекти, Оддел за обезбедување, ЦПС, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (спиел на работното место);
Полицаец за БПСПО за БПС Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „отказ“ (неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена);
Полицаец во ПС од ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Несовесно ги извршувал работните задачи);
Виш инспектор за криминалистичко-технички увиди на место на настан во НК за КР Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (спиел на работното место).