Физички нападнато лице во клуб во Охрид

На 08.08.2015 година во 04,00 часот во ПС-Охрид, Ј.Ф.(1990) од Охрид, пријавила дека во 02,00 часот во УО„Кадмо“ истоимената плажа додека била во објектот со К.Р. и Д.Ј. од Охрид и Т.Н од с.Љубаништа–Охрид, Т.Н се качил на маса и играл, по што влегле 2 НН лица облечени во црни маици со натпис „Кадмо“, го фатиле за кошула и го извлекле надвор.

Веднаш потоа неколку лица физички го нападнале К.Р. удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а исто така насилно и неа ја исфрлиле надвор од објектот. Потоа со возило кое го управувала Д.Ј., а во кое К.Р. паднал во безсознание се префрлени во МЦ–Охрид.

СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.