Груевски: Почнуваме со рехабилитација на пет патни правци во вредност од 22 милиони евра

Во втората половина на август почнуваме со рехабилитација на пет регионални патни правци во должина од 70 километри, инвестиција вредна 22 милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на плажата во Стење, истакна дека ќе се реконструираат патните правци Битола – Ресен – Буково, Смоларе – Мокрино, Брвеница – Гостивар…

„Покрај овие пет регионални патишта, континуирано работиме и на автопатиштата. Таму работите одат добро, нема застои се се движи со добра динамика, според планираното. Работите и на патиштата и на автопатиштата се одвиваат со добра динамика и согласно планот“, нагласи Груевски.