Тепачка во Охрид, еден повреден со нож

На 08.08.2015 година околу 04,00 часот во Охрид на бул.„Туристичка“ во правец кон Струга, В.М.(1992) од с.Порој–Тетово кој бил заедно со Е.К.(1993) и М.К.(1994) од с.Радолишта–Струга, и се превезувале со ПМВ„БМВ“, биле пресретнати од ПМВ„Пежо 306“, од кое излегле неколку лица и почнале да удираат со нозете по возилото, по што си заминале.

По настанот, нападнатите продолжиле кон Струга, каде на клучката на излезот од Охрид биле пресретнати и сопрени од истото возило од кое излегле 6 НН лица на возраст од 18-25 години и повторно почнале да удираат со нозете по возилото, ги отвориле вратите и физички ги нападнале удирајќи ги со раце и нозе, а едно од лицата извадило нож и го пресекол В.М. во пределот на левата страна на половината, по што напаѓачите избегале.

На повредените им е укажана лекарска помош во МЦ-Струга, од каде настанот е пријавен во ПС-Струга. СВР-Охрид презема мерки за целосно расчистување.