Софискиот камерен оркестар синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта беа виолинистката Софија Никоска од Македонија и пијанистот Филип Маџунков од Србија.
Концертот под диригентската палка на Бедрос Папазјан кој се одржа во црквата „Света Софија“ претставуваше вистинско доживување за фестивалската публика.
Младиот пијанист Филип Маџунков дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Белград, а своите пијанистички способности ги усовршува во школата „Алфред Корто“ во Париз. Неговите настапи секогаш се проследени со воодушевување од страна на публиката и критиката, која го нарекува пијанист со „богата творечка фантазија, способност за логичко-структурално размислување, култивирани релации кон стилските карактеристики на уметничкото творештво и изведување, сигурна пијанистичка техника, како и способност за воспоставување на творечка комуникација со аудиториумот.