Парковските површини, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно ги одржуваат и вршат санација на оштетните и деградирани садници. Се засадува нов цветен расад во паркот на градскиот плоштад и кејот чии цветови ќе ги красат парковите до доцна есен, информираат од претпријатието.
„Согласно Програмата за одржување на јавно зеленило за оваа година, се коси тревата и се отстранува жбунестата вегетација покрај пешачките патеки и коловозите како во централното градско подрачје, така и во приградските населби.
Денес се средуваше пешачката патека покрај каналот „Студенчишта“, а во изминатите денови се уредуваше јавното зеленило во УЗ.14 „Радојца Новичиќ“, и се коси тревата околу улицата „Прилепска“, додаваат оттаму.