Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:
„Јавно признание! Портпаролот на СДСМ – Охрид, Александар Кузески денеска на прес конференција јавно призна дека проектите што ги реализира локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се добри со самото тоа што на новинарско прашање, дали се согласува со предвидениот лик на плоштадот кај музичкото училиште одговори дека доколку плоштадот има намена каква што е предвидено ќе биде добар за охриѓани. Дали преку својот гласноговорник СДСМ- Охрид, денес ги фрли во вода сите негодувања кои се однесуваа на градежната експанзија во Охрид и дека во суштина се добри ?
Контрадикторен е и ставот на гласноговорникот од СДСМ, Кузески дека ништо не се работело кога фотографиите и видео снимките од местото на одржување на прес -конференцијата го покажуваат сосема спротивното.
Во изминативе 28 месеци, градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт на ВМРО- ДПМНЕ работеа на надминување на последиците од криминалните и штетни дејствија што во општината ги остави СДСМ и претходниот градоначалник Александар Петрески за што и одговара пред органите на власта. Минативе 28 месеци Власта на ВМРО –ДПМНЕ преку официјални ревизорски извештаи констатира долг од фантастични 50 милиони евра што на општината и Јавните Претпријатија им ги остави раководството на СДСМ. Но и покрај тоа локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за изминатите 28 месеци иако соочено со стотици правни и финансиски лавиринти и дупки на секој план при реализација на секој проект успеа да реализира она што ретко која локална самоуправа во вакви неверојатни околности може да успее : 129 во целост завршени проекти и 58 проекти кои се во тек , ветени во програмата и не ветени за кои охридската јавноста се увери во презентираниот Отчет за двегодишното работење на Градоначалникот преку целосно обработени статистички податоци, бројки и параметри, како израз на највисока свест во делот на транспарентното работење.
За „капиталните- крупни проекти“ за кои што СДСМ сега веќе претпазливо се обидува да употреби прецизна формулација ( бидејќи скоро сите останати ветени проекти од програмата веќе се реализирани), за да им биде појасно уште веднаш ќе им укажеме на следново:
1. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, ги расчисти имотно правните односи што како сериозен проблем ги остави СДСМ- Охрид а кои се однесуваа за парцелата каде ќе се гради пазарот, ги прибави сите согласности од надлежните институции , спроведе комплетна постапка за јавно приватно партнерство, во тек е завршна фаза од изработка на проектот и за не повеќе од 2 месеци очекуваме да започнат градежните работи. Нешто што беше само апстракција на минатото локално раководство на СДСМ од Охрид.
2.Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, донесе нов урбанистички план за локацијата за која што е предвидена градба на автобуска станица, ги прибави сите согласности од надлежните институции, спроведе транспарентна постапка согласно законот и обезбеди инвеститор на работите кој во наредните 2 до 4 години треба комплетно да ја изгради автобуската станица. Во овој момент привршува изработка на главниот проект по што ќе следи издавање на одобрение за градба и очекуваме во текот на 2016 година да отпочнат градежните активности за современата автобуска станица.
3. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ,изработи планска документација за локалитетот каде ќе биде изграден затворениот пливачки базен , ги расчистува имотно правните односи, обезбеди буџет, изработи комплетен проект и во овој момент во завршна фаза е отворениот тендер за изнаоѓање најповолен понудувач за изградба на затворениот пливачки базен чии темели се очекува да бидат удрени во текот на месец септември.
4. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги расчисти имотно правните односи каде треба да се гради дом за стари лица, изработи урбанистичко планска документација , спроведе транспарентна постапка за изнаоѓање инвеститор и во овој момент во тек е изработката на проектната документација за изградба на дом за стари лица кој треба да биде изграден во наредните 2 до 4 години онака како што налагаат законските прописи.
5. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во историјата на независна Македонија обезбеди финансиски средства за изработка на физибилити студија и комплетен мастер план за изградба на скијачки центар на Галичица што претставува основна појдовна точка од којашто понатака може да се реализира оваа заложба. Студијата и мастер планот беа изработени од страна на врвна светска компанија за оваа намена. Напоменуваме ,сите овие појдовни активности околу скијачкиот центар се завршени иако никогаш не биле ветени во изборната програма.
За погоре набројаните „капитални крупни проекти“, власта на ВМРО-ДПМНЕ (за разлика од минатото , инкриминирано локално раководство на СДСМ) се раководи исклучиво само од постоечките законски норми, прописи и предвидени рокови .Доколку во текот на своето 8 годишно владеење со градот СДСМ- Охрид наместо со криминални и коруптивни активности кои го потонаа градов во финансиска бездна за сметка на полнење на приватните џебови на мал број поединци, се занимаваше или работеше на создавање предуслови и обезбедување на сите потребни постапки ( набројани погоре) за изградба на капиталните проекти, денес истите ќе беа во функција.
Ако се земе во предвид фактот дека СДСМ – Охрид за 8 години власт воопшто не се грижела за законските и правни процедури во своето секојдневно работење, сосема е за очекување и не не изненадува тоа што при одржување на нивните прес конференции покажуваат елементарно непознавање на постапките и процедурите од различните фази при реализација на проектите.
Се едно е дали СДСМ- Охрид негодува или не со градежната експанзија во градов. Неспорен факт е дека и покрај наследената финансиска катаклизма, Охрид како никогаш досега се гради и разубавува и го враќа некогашниот сјај.“- стои во реакцијата.