Во текот на вчерашниот ден издадени 909 потврди за барање азил

Во периодот од 08,00 часот на 10.08.2015 до 11.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 909 странски државјани, од кои, 618 се од машки пол, 102 се од женски, 161 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 28 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-760, потоа Пакистан-69, Ирак-38, Палестина и Мали по девет, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 11.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 31.774 странски државјани, од кои, 22.262 се од машки пол, 4.278 се од женски, 4.878 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 356 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-24.712, потоа Авганистан-1.990, Ирак-1.665, Пакистан-1074, Сомалија-541, Палестина-491, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-132, Нигерија-117, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.08.2015 година се евидентирани вкупно 5 баратели на азил, сите мажи.

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Извештај за мобилните тимови на Црвен крст – 10.08.2015

На 10.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на вкупно 101 лице, меѓу кои 7 трудници, од кои 82 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 19 интервенции на Табановце.

До 17.00 часот, дистрибуирано е:
• 288 шишиња вода
• 56 пакети со храна
• 25 хигиенски пакети за жени
• 25 хигиенски пакети за мажи
• 50 пакети за самопомош
• 100 пелени.