На 17 декември 1999 година, во својата резолуција 54/120, Генералното собрание на Обединетите нации ја поддржа препораката од Светската конференција на министрите одговорни за младите (Лисабон, 08-12 Август 1998) 12 август да биде прогласен за Меѓународен ден на младите.
Темата на Меѓународниот ден на младите за 2015 година е: „Граѓанскиот ангажман на младите“.
Ангажманот и учеството на младите е од суштинско значење за да се постигне одржлив човечки развој. Сепак, можностите за да се ангажираат младите (политички, економски и социјално) често се ниски или непостоечки.
Во последно време се забележува зголемување на вниманието и политиката, како и фокусот за програмирање на граѓанскиот ангажман на младите од страна на владите, претставниците на ОН, регионалните и мултилатералните организации, невладините организации, младите и истражувачите.
WebOhrid