Денес во Младинскиот Културен Центар беше одбележан Светскиот ден на млади, Настанот вклучи работилници и панел дискусија на која говореа Луиза Винтон (постојан претставник на Обединетите Нации во Македонија), Зорица Стаменковска (претставник од Агенцијата за млади и спорт), Стефан Маневски (Координатор на иницијативата Balkan Action 2015), Дамјан Николовски (претседател на Национален Младински Совет), Јордан Атанасовски (потпретседател на АРНО) и Ангела Соколовска (претставник на Советот на млади на Американската амбасада).
Темата на овогодинешниот Ден на млади е младинското учество, при што панелистите ја истакнаа потребата за поттикнување на младинското учество на младите и овозможување нивно суштинско и значајно учество во процесите на донесување одлуки.
Претставникот на Агенцијата за млади и спорт го спомена процесот на креирање на Националната стратегија за млади 2016-2025 и потребата за поактивно вклучување на младите во креирање на овој документ.
На крајот на настанот беше доделена награда за најдобар дизајн на победникот од конкурсот за дизајн на Y PEER младинската мрежа.