Младинците на РК Охрид започнаа со тренинзи

Младинците на РК Охрид започнаа со подготовки за претстојната сезона.

„Оваа година има повеќе измени во составот на младинскиот тим. Тренираме напорно и очекуваме успешна сезона“. – изјави за WebOhrid, капитенот Дарко Левески.

По напорниот тренинг, младинците заеднички се освежија во градскиот базен „Атина Бојаџи“.

Натпреварите од младинската лига започнуваат за нешто повеќе од еден месец, а до тогаш во план се неколку пријателски натпревари за проверка на она што е сработено до сега.

WebOhrid